Веб страницата на Министерството за труд и социјална политика е со двојазични текстови. Во тоа можете и сами да се уверите доколку отворите било која информација на страницата.

Со Министерството раководи Мила Царовска.

Еве ви пример дека министерката си го смета министерството како лична своина и при тоа мисли или има впечаток дека може да прави што сака со институцијата како и со државните пари, парите на народот. Ова ни го посочи еден од граѓаните на градот Скопје кој ја отворил страната на МТСП и го видел партиското реализирање на партиските наредби и спроведување на двојазичност по македонските институции и покрај тоа што легитимно и легално правно издржано не е донесен истиот тој закон, со што министерката со самото тоа што вака ги појавува и презентира министерството и себе како министерка ја злоупотребува функцијата министер, што е кривично дело според закон и за тоа се одговара!

http://www.mtsp.gov.mk/pocetna-ns_article-carovska-podgotven-nacionalen-akciski-plan-za-sproveduvanje-na-istanbulskata-konvencija.nspx

Инаку, во Бугарија, членка на НАТО и ЕУ, тамошниот Уставен суд веќе ја укина Истанбулската конвенција за која се зборува во текстот од линкот на Министерството, поради тоа што во текстот на Конвенцијата, грубо кажано, половите на луѓето се неодредно формулирани.

Повторно на мала рака пробува да се протне законот за ЛГБТ заедницата со која сите тие малцинства од поголемиот дел од народот и граѓаните кои се непризнаени и непосакувани да бидат протнати на мала врата и да бидат донесени условно кажано „заштитени“ од министерката за да може полесно да се спроведат евроинтеграциските процеси и со тоа полесно да станеме дел од ЕУ и НАТО. Ако така треба и на тој начин да сме дел од Европската заедница ниту сакаме ниту посакуваме и декларативно ги одбиваме и поканата и членството во ЕУ. Ваква иднина за нашите деца не посакуваме – изјавија загрижени група на повозрасни граѓани.

Дали министерката гледа само да ги исполни партиските наредби и исто како колегите да изреализира што повеќе тендери времето останува да покаже, ние како граѓани само може гласно да говориме, предупредуваме и да се бориме против наметнувањето на тоа што некој го има замислено како европа во Македонија – посочија група граѓани кои ги сретнавме низ скопските улици.