Седум деца фудбалери на возраст од 13 до 15 години се затруени од храна откако вчера ручале и вечерале во трпезаријата на Фудбалската Федерација на Македонија.
Вечерата била подготвена и сервирана од приватна кетеринг служба, информираат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.. Затруените деца се јавиле во една од приватните болници со симптоми на гадење, пролив, главоболка, вртоглавица, но со полесна клиничка слика.
Од вкупно 54 деца, 3 тренери, 1 доктор кои јаделе од истата храна, на тегоби се пожалиле 45 деца. Шест од децата кои не ја конзумирале истата храна немаат вакви тегоби.
Извршен е вонреден инспекциски надзор во просториите на кетеринг фирмата од Скопје , по што нејзините објекти биле затворени за да се спречи евентуално ново акутно труење.
По добивањето на резултатите од земените брисеви, според ДСЗИ, ќе се наложат и други противепидемиски мерки.