Згрижувањето на децата питачи во дневните центри во надлежност на Центарот за социјална работа е само неколку часовно решавање на проблемот и нив повторно можете да ги видите на улица. За да се спроведат мерките за нивна социјална заштита најпрво тие лица треба да бидат формално евидентирани со што ќе бидат видливи за правниот систем, по што би следела нивна интеграција и системско решавање на проблемот.
„Имајќи ги предвид овие причини ние како институција во текот на 2017 та година доставивме иницијатива до Владата на Република Македонија за измена и дополнување на Законот за вонпарична постапка во која го изнесовме нашиот став дека е потребно да се воспостави една посебна глава постапка за утврдување на време и место на раѓање во Законот за вонпарична постапка со што ќе се надмине проблемот со лица незапишани во матична книга на родени. 06:20 Владата на Република Македонија потврдно одговори на оваа иницијатива исто така потврдно одговорија и надлежните министерства“, вели заменичката на Народниот правобранител Васка Бајрамовска.
За Трпковски ваквото решавање на проблемот е дискутабилно бидејќи најголем дел на оваа ранлива категорија група граѓани немаат формално образование. Тој го посочува моделот на англиската социјална политика: да се даде можност за обуки и работа на секое лице согласно психосоцијалните карактеристики и личните потенцијали.
„Кај оваа категорија на сирмоштија, апсолутната сиромаштија ние имаме култура на репродукција на бедата значи дека децата по моделот на учење ги повторуваат постапките од претходните генерации“, вели Трпковски.
Се додека надлежните институции талкаат низ лавиринтите по најдоброто решение, граѓаните секојдневно се соочуваат со дилемата дали да дадат пари на овие деца или да ги послушаат надлежните институции дека тоа е само продлабочување на проблемот.