Се прават сериозни подготовки околу продолжување на градежните работи на недовршениот објект на новата Општа болница во Кичево и негово комплетно завршување, изјави директорот на таа јавна здравствен установа, Биљана Настеска.

Посочи дека почнува втората фаза на изградба на новиот објект, неговото довршување ќе чини околу 330 милиони денари и само за годинава Министерството за здравство за оваа намена обезбедило околу 70 милиони денари.

– Во втората половина од оваа година ќе продолжат работите на новиот објект, а се очекува да се финализира во 2020 година, вели Настеска.

Потенцира дека интензивно работат и на реконструкција на стариот објект на болницата, во фаза се на изработка на тендерска постапка за да го менуваат покривот, потоа ќе ги реновираат просториите во кои работат и ќе набават нова апаратура.

Најави во скоро време и конкурс за вработување на нови лекари во соработка со Министерството и додаде дека очекува тие да бидат упатени на спецјализација, бидејќи итно имаат потреба од таков кадар.