Минатата недела од нашата редакција се испрати повторно мејл до ПР службата на министерството за здравство, како и до новиот шеф на кабинет на министерот Бојана Атанасова. Веќе неколку месеци пробуваме да добиеме термин за интервју со министерот и да му поставиме неколку прашања, тоа никако не успеваме да го обезбедиме.
Откако прочитавме во еден од медиумите дека министерот е јавно достапен до сите медиуми дека може да се договори интервју за неколку часа, ни даде надеж да повторно пратиме мејл и да пробаме повторно да добиеме термин за интервју, со сите случувања во здравството и здравствениот систем во Македонија некако самата состојба ни го предочи и посочи тоа.
Испративме мејл минатата недела, поточно на 22-ри Август, воедно во мејлот бараме освен термин за интервју и одговор на неколкуте прашања кои во моментот се актуелни и кои се поврзани со инсулинската терапија за пациентите со дијабетис. Дијабетичартите се жалат на терапијата дека инсулинот е со послаб квалитет, министерот и министерството тврдат дека се е проверено и дека е како што треба.
Се распишува или треба да се распише нов тендер за набавка на инсулин, а во меѓувреме пациентите добиваат инсулин кој е дониран, кој е набавен по пат на итна интервентна набавка, не е доволно јасно прецизирано. Ние пробавме тоа да го дознаеме. Поради што ние како редакција пројавивме заинтересираност да ни се одговори во име на јавноста и сите оние пациенти кои примаат инсулинска терапија каков инсулин добиваат и користат во моментот 40-те илјади македонски пациенти дијабетичари, меѓу кои има и доста деца, тинејџери, па дури и со помала возраст.
За жал министерот не собра доволно храброст, ПР службата на министерството за здравство затаи, никаков одговор не добивме ниту од кабинетот на министерот од шефот, Бојана Атанасова. Сите во министерството одлучија дека македонската јавност и македонските медиуми немаат потреба заедно со македонските пациенти да ја дознаат вистината.
Министре Филипче колку и да ги избегнувате „тешките“ за вас прашања, колку и да се криете позади вашите служби и да не се одзивате на нашите барања за интервју, народот е тој што, пациентите се тие што ги гледаат работите, ситуациите, состојбите, кои вие ги правите, начинот на кој ВИЕ се грижите за македонските пациенти, како и начинот на кој се однесувате спрема медиумите како нашиот. Токму поради тоа кога ќе дојде соодветно време и пред истиот тој народ ќе мора да ги дадете сите одговори, на сите прашања, тогаш нема да има служба позади која ќе се криете или да најдете начин да ги одбегнете луѓето, народот, македонците и македонките. На нив им ги должите одговорите! А тие се насекаде, неможе да избегате од соочувањето и вистината!