Непосредно пред референдумот проструи информација дека нема простор за паника од појава на мајмунски сипаници во Македонија. Ова го тврдат епидемиолози и инфектолози од Комисијата за заразни болести, кои изминатиов период расправат за вирусот кој ги крена на нозе нивните колеги во регионот по ширењето на заразата од Африка во Европа. Со едукативни материјали ќе ги информираат граѓаните кои патуваат во афричките земји, но и оние кои доаѓаат од ризични региони.
– Не знам зошто толку врева, овој вирус и порано од Африка се пренесе во Америка со 70-тина заболени и еве сега со појава на случаи и во Велика Британија. Препорака за оние кои одат да внимаваат на глодари и да не јадат месо од глодари, вели др. Миле, претседател на Комисија за заразни болести.
За мајмунска сипаница нема вакцина а се пренесува од човек на човек само преку близок контакт. Првите симптоми се како грип а може да предизвика и сериозни компликации.
– Прво температура потоа осип по телото. Не е опасна но не се исклучени и сериозни компликации, вели…
Додека македонските епидемиолози се смирени, во Србија нивните колеги воведоа мерки на засилени контроли на граничните премини и аеродромите, а имаат и посебна работна група за следење и контрола на оваа болест.
Кај нас добро упатените посочуваат дека како и претходно така и сега никој посебно не обрнува внимание на ваквите аларманти појави во здравството во Македонија. Филипче како министер во оваа влада сеуште неможе да се опорави и врати на работното место после дебакалот што им се случи во Неделата. А кога ќе се започне со работа, кога на дневен ред ќе дојде ова прашање? Каде е Филипче да одговори на овие прашања?