Граѓаните и пациентите пробуваат да се снајдат во хаосот на клиничкиот центар во Скопје секојдневно, додека тие се обидуваат да најдат решение, слободно паркинг место или соодветниот доктор клиниките се затрупуваат во ѓубре и отпад. На министерот за здравство Филипче тоа воопшто не му смета и тој наместо да ги решава актуелните проблеми во клиничкиот центар и клиниките ширум главниот град и Р. Македонија тој за да си олесни себеси и да го намали притисокот од коалициониот партнер или партискиот врв, си постави нов економски директор на Клиниката за Гинекологија, кој ни помалку ни повеќе, е Ваљон Беља.
Како што тоа е проблем кај поголемиот дел од граѓаните и пациентите и нема логика зошто некои работи се случуваат, така складно е и согледувањето на членот на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Игор Николов кој посочи дека:
-Новиот економски директор на ГАК, во никој случај нема да придонесе ниту за подобри услови за работењето на здравствените работници, ниту пак ќе придонесе за подобар третман на пациентите. Новиот економски директор не е додадена вредност на здравствениот систем, туку е додадена вредност за коруптивниот и криминалниот систем инсталиран од Заев. Наместо да дискутираме за неговите медицински или економски достигнувања, мора да поставиме прашања од областа на криминологијата, рече Николов и додаде:
„Господине Заев,
Господине Филипче,
Одговорете им на граѓаните и на пациентите од чии што придонеси се полни буџетот:
Зошто се уште не ги укинавте економските директори на Клиниките, како што ветувавте во програмата по која што ја добивте власта? По кои критериуми го избравте Валон Беља за економски директор на Клиниката за Гинекологија и акушерство? Дали Владата и Министерството за Здравство го провери неговото полициско досие? За какви се дела досега е пријавуван? Дали се точни информациите дека со оружје се заканувал на еден од градоначалниците?“.
Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев, подвлече тој, продолжува да го уништува здравството и здравствениот систем во Македонија.
-Ги заборавија и граѓаните и здравствените работници. Но затоа никако не се заборавени нестручните кадри и сомнителните ликови на кои им се даваат функции. Не се забораваат ниту набавките во четири очи, ниту местењето тендери. Со последниот чекор, именување на економски директор, на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, владата покажува дека очигледно европска вредност за Заев е тоа што никаде го нема во Европа. Горе наведениот човек не е европска вредност. Внимавајте, токму министерот за здравство, Венко Филипче ветуваше и велеше дека економски директори на клиниките се непотребни и дека треба се заштеди за доброто на пациентите, потенцираше Николов и додаде:
Неисполнувањето на ветувањата, лагите и манипулациите се единствената одлика на СДСМ и Заев. -Време е да си заминат. Само така граѓаните ќе можат да имаат подобро здравство, подобар здравствен систем, и само така Македонија ќе победи.