Почнуваме со исцртување на нова и наводно конечна локација на новиот долгоочекуван клинички центар. Пациентите ќе се упатуваат на влезот на Скопје пред населбата Ѓорче Петров. Тука е предвидена нова парцела во државна сопственост на која ќе се гради современиот медицински комплекс.
Добро упатените од министерството за здравство посочуваат каде се размислува да започне изградбата на клиничкиот центар. Станува збор за земјиште со површина од околу 80 хектари. Токму пространата парцела и добрата сообраќајна конекција во близина на самата обиколница ја прават оваа локација поволна за идното решение за државните клиники.
Нека каже министерот Филипче зошто стопираше реновирање на веќе постоечката клиника при изработен проект, зошто почна изградба во Бардовци, ја прекина, сега го започнува истиот проект на трето место, воопшто планира да прави нешто и до кога?