Ветување кое го даваше Зоран Заев секојдневно за време на кампањите за парламентарни и локални избори дека децата нема да дозволи да боледуваат и да умираат, за жал како и сите други ветувања и ова се заборави. Владата додека одвојува пари за пијалоци, апетисани, цвеќиња дури сега и за лубриканти, децата умираат од тешки болести. Додека ова се случува децата по социјалните мрежи молат за лек.
Покрај веб страната donacii.mk сега постои и друга веб страна bidihumansega.mk кај што може Заев да види колку деца чекаат од хумани луѓе да им помогнат затоа што не се во можност да ги платат своите болнички лекувања во државава и во странство. На оваа веб страна може да се види колку моментално болни деца чекаат помош од граѓаните на Република Македонија, притоа може по електронски пат да донираш.
Донаторите сами одлучуваат дали сакаат да останат анонимни или пак нивното име и презиме да стои на страната. Можеби по отворањето на оваа веб страна Заев и неговите од Владата ќе се солидализираат и ќе донираат за да спасат нечиј детски живот Сепак детските животи не треба да гаснат поради неодговорноста на СДСМ и Заев.