Клиничката болница Аџибадем- Систина има нов тим на детски кардиохирурзи. Екипата се состои од 15 лекари од кои дел се од Аџибадем Систина од Турција. Во екипата која беше претставена денеска е и Владимир Чадиковски кој е единствениот детски кардиохирург во Македонија.
Др. Чадиковски ни ги претстави плановите за отворање на ваков оддел во Систина. Тој има големо искуство, многу години работел во детската кардиохирургија со повеќе од 400 операции. Во Истанбул има два центра за кардиохирургија Атакен и Бакркој. Заедно со професор Ерсин во последните 25 години сме оперирале повеќе од 15 илјади пациенти“-изјави Јусуф Кенан Јалчинбаш, Аџибадем Систина – Истанбул.