Скопје повторно на врвот според загаденоста на воздухот. Главниот град е петти на листата во светот. Скопјани секое утро се будат во смог. Додека загадувањето во Скопје урива светски рекорди речиси незабележано поминаа резултатите од испитувањето на последиците од загадувањето на амбиенталниот воздух врз здравјето на децата во Скопје.
Освен во Скопје, мерните станици во државата покажуваат дека вредностите на ПМ 10 честичките се високи и во Тетово, Струмица и во Кичево. Лекарите предупредуваат, загадениот воздух го намалува имунитетот на луѓето, дополнително ја влошува и состојбата на заболените од грип. Само минатата недела биле пријавени 207 случаи на заболени од грип. Дел од нив се хоспитализирани.
Грипот може да биде тешко заболување кое носи голем број компликации и може смртно да заврши, изјави епидемиологот Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје, која апелираше до ризичните групи, до сите кои имаат болен човек во семејството, мали деца, па и здравите луѓе да се вакцинираат против грип, додека неговата вистинска сезона сè уште не започнала.
Од Институтот за јавно здравје, пак, предупредуваат дека пикот сè уште не е достигнат, односно дека сезоната не е во својот најголем ек. Оттаму велат дека загадувањето на воздухот предизвикува тешкотии и намалување на општиот имунитет на организмот на секој човек, а особено на луѓето кои имаат хронична болест и болест на органите за дишење. Намалувањето на имунитетот и штетното дејство на загадениот воздух може да делува лошо и да ја зголеми шансата за заболување не само од грип, туку и за појава на кое било друго респираторно заболување. Грипот може да биде тешко заболување кое носи голем број компликации и може смртно да заврши. Тие посочуваат дека бројот на заболени од грип е релативно низок и изнесува 207 за изминатата недела и посочи дека вистинската сезона на грипот се очекува идниот месец.
Др. Кузмановска истакна дека по завршувањето на зимскиот распуст на учениците и продолжувањето на учебната година, пак, се очекува да расте бројот на заболени од грип. Тој број расте постепено, меѓутоа поголем скок и достигнување на врвот се очекува во вториот месец од годинава. Бројот на заболени е сличен, како и минатата година во овој период, а во однос на оној просечен број за последните девет сезони кој го користиме како за споредба, бројот на заболени во изминатата недела е речиси 75 отсто помал. Во Скопје, Гостивар и Струмица има најголем број заболени.