Опеарциските сали на Ортопедија кои почнаа да се реновираат пред околу шест месеци, тешко дека ќе бидат во функција до пролет следната година.
Оттука велат докторите, ние оперираме на Клиниката за хирургија. Но, за да влезат во операциска сала на Хирургија тие треба да почекаат да завршат со операции закажани од докторите на оваа Клиника.
Тоа, велат лекарите, дека се доаѓа кај нас на клиниката за хирургија, но најчесто тоа е втора или трета смена.
-Знаеме дека колегите од Ортопедија се се соочуваат со проблем. Но, ние тука не можеме да помогнеме. Има многу опеарции кои и ние мора да ги извршиме, велат од Клиниката за хирургија.
Сепак, граѓаните кои имаат потреба од операции како на колено, колк се ставени во многу тешка ситуација.
-На пример можеме веднаш да оперираме некој со скршен колк но само ако има слободна операциска сала, ако не треба да бараат спас на некое друго место, велат од клиниката.