Алијансата за Албанците ги обвинува Владата и Лекарската комора на Македонија дека седат со скрстени раце и не преземаат ништо за да се спречи иселувањето на лекарите надвор од државата. Од Алијансата подготвиле пакет со неколку барања до Владата, кои според оваа партија, треба да станат дел од новиот закон за здравствена заштита.

„Сите млади лекари да бидат вработени веднаш, а главен критериум да биде успехот од студиите и потребите на здравствениот систем во Македонија. Сите истакнати млади лекари да се ангажираат во клиничкиот универзитетски центар во Скопје и клиничките болници во Тетово и во Штип. Во брза постапка да се изедначат коефициентите за плати со оние на судиите. Минималната плата на лекарите да биде 50 илјади денари, а дежурствата на лекарите да бидат плаќани не помалку од 3 илјади денари.

Сите лекари кои се заинтересирани за специјализација, државата да им гарантира дека после 5 години работно искуство, можат да се запишат на специјализација и сите трошоци за специјализацијата да ги покрие Министерството за здравство и итно да бидат прекинати приватните специјализации за државјаните на Македонија“, рече Беким Татеши, Алијанса за Албанците.

Еееееее, Филипче, филипче, со толку советници покрај себе не можеш да направиш ништо за лекарите и медицинскиот персонал да не ја напуштаат државата. Помина толкав период и не се излезе ниту со некакви конкретни барем на хартија ставени работи за размислување. Еве повели прочитај пристоен предлог, па може твоите советници конечно ќе се отворат 6-12 прсти и ќе почне да си ја заработуваат платата, а не вака готовански да ја земаат секој месец од народните пари, а можеби и ти ќе добиеш некакво просветление па, ќе се отвори и кај тебе некоја чакра за да не ги изгубиме и тие малку лекари и медицински персонал кои останаа во државата!

Освести се Филипче и со време дај си оставка, не е оваа работа за тебе – изјавија група граѓани со кои разговаравме!