На македонската јавност и се случува нова афера вирус, каде имаме признание за поткуп, а институциите молчат, вели Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ
-Деновиве имаме јавно признание од сопственик на фармациска фирма дека му е побаран рекет од Агенцијата за лекови. Фирмата имала потреба од дозвола за интервен увоз. Внимавајте, значи увоз на нешто што е итно и неопходно, а Агенцијата за лекови не дала никаков одговор! По пријавување на рекетот, сопственикот и фирмата сносат само последици како притисоци, закани, вонредни инспекции, за завршницата да биде незаконско затворање на фирмата. Ова е само еден од низата случаи во кои фирми бараат дозволи од Агенцијата за лекови, а притоа речиси без исклучок на сите им е побаран финансиски надомест или рекет. Министре Филипче, откако ја извршувате функцијата не спречувате сомнителни и криминални постапки, напротив на некој начин ги поттикнувате, затоа морате да дадете одговори. Значи по дефиниција, а вие како министер тоа треба да го знаете, Агенцијата, поточно поединци вршат економска дејност поврзана со организиран криминал – едноставно прават рекет. Прво, знаете ли што прават поединци од Агенцијата за лекови, регулаторно тело кое ги издава сите дозволи за лекови? Второ, има конкретен случај за фирма на која и се бара рекет, а има молк од сите надлежни институции, зошто? Со јавно признание за рекет врз фармацевтска фирма и без никаков одговор од Агенцијата до истата фирма за побараната дозвола, а без никаква истрага некој мора да сноси одговорност, истакна Андоновска.
Министре Филипче, граѓаните ги гледаат сите овие сомнителни постапки, а сега и рекет во вашиот сектор. Токму поради тоа тие ќе стават крај на вашето министерување следната година во април месец, додава таа.