Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес конференција истакна дека крајно време е оваа влада да почне да се справува конечно со пандемијата. Наместо глупави дискриминирачки мерки од фашистичката матрица на СДСМ, треба да се носат ефективни мерки за справување со корона вирусот. Ова се фашистички глупави мерки кои никако не смеат да бидат донесени, бидејќи сите граѓани имаат право на избор, посочи Арсовски.
– Замислете, власта го достигна лудилото и тоа со само еден потег. Велат, само вакцинирани ќе може да одат и да седат во угостителските објекти, а овие невакцинираните не смеат, додека пак кога станува збор за вработените во угостителските објекти што треба да ги служат вакцинираните гости, не мораат да бидат вакцинирани, односно како што велат од владата, сите вработени во угостителските објекти ќе си одат на работа. Ова е тотална безидејност, тотално лудило и тотален хаос објаснет само во една реченица кој што асоцира на Владата. Ова се фашистички глупави мерки кои никако не смеат да бидат донесени, бидејќи сите граѓани имаат право на избор, рече тој.
Арсовски упати и прашање до владата кое се однесуваше на јавниот и меѓуградскиот превоз. Дали ќе можат да се возат само вакцинирани и каде ќе седат невакцинираните и дали ќе смеат да се возат. И нормално дали сите возачи на пример како и кондуктерите треба да бидат вакцинирани или не треба, според нивната логика?, праша Арсовски.
Тој исто така прашува и кое е решението на Владата за овие луѓе за меѓуградскиот и јавниот транспорт?
– Или на пример кое е решението на Владата за луѓето кои од икс медицински причини, не се многу но ги има високо алергени личности и слични, кои што не смеат да бидат вакцинирани, односно како Владата ќе се однесува со нив? И кое ќе биде нивното право на движење и живеење во општеството? Еве јавно нека кажат каков е планот и протоколите за целата оваа мерка која што ги ограничуваат граѓаните? Не ги објавуваат, бидејќи ги немаат и самите се свесни дека поголема глупост не можеле да смислат додека седат на плажите на одмор. Тотален хаос. Филипче и Зоран Заев веќе не знаат каква поголема глупост да направат. Уште еднаш, апелираме до граѓаните и тоа е наш став, да се вакцинираат доколку имаат можност, бидејќи тоа е единствена опција да се спасиме од овој вирус. Но апелираме и до Владата да ги остават граѓаните да имаат право на свој избор и да прекинат со овие глупави фашизоидни мерки, истакнува Арсовски.