Се реализираше бесплатна обука по прва помош од страна на Црвен Крст за пожарникари и полицајци во Кавадарци. Со тоа продолжи кампањата под мотото „Твоето незнаење чини живот”.
Градоначалникот Митко Јанчев ја поздрави оваа акција и нагласи дека секогаш се поддржуваат ваквите активности кои заслужуваат признание.
Здравјето е еден од основните темели на кои треба да се темели нашето општество, рече судијата Лазар Нанев.
-Благодарност до Црвен крст што успева да ги развие клучните поенти кои значат заштита на здравјето и животот. Секоја надградба на знаењето значи спасување на живот. Сите учесници во сообраќајот треба да покажат сериозно внимание како да укажат прва помош при сообраќајни несреќи, рече Нанев.
-Во последните три години годишно во државава има по околу 150 жртви во сообраќајни незгоди и по околу шест илјади лица кои страдаат во тие незгоди, со лесен или потежок инвалидитет. Сметаме дека со ова ќе помогнеме во спасувањето на живот и помали последици при незгоди во сообраќајот, додаде Саити.
Иницијативата на хуманитарната организација ја поздрави и Сашко Димовски, командир на Полициска станица од општа надлежност Кавадарци. Тој нагласи дека знаењето да се укажи прва помош може да значи живот.