Здружението ХАЕ Македонија организира детска работилница за ретката болест ХАЕ во недела во Паркот на франкофонијата. Детската работилница се организира под мотото „Отекувам, но не се повлекувам – цртам!“
Работилницата предвидува игри и активности со кои на децата ќе им се приближат симптомите на оваа болест, бидејќи има и деца кои страдаат од оваа состојба и кои се чувствуваат издвоени во средината во која растат.
Целта е на најмладата популација на креативен начин да и се долови чувството што значи со оточе на раце / нозе да се црта, трча и слично.
Акцент ќе се стави на развивањето сочувство и емпатија кај децата не само кон пациентите со оваа болест, туку и кон пациентите и децата со другите ретки болести.