Бројот на заболени лица од коронавирус во Македонија секој ден е се поголем. Бројот на оние луѓе, пак, кои се лекуваат по дома е поголем од оние кои се хоспитализирани во болниците.
Според направените пресметките во консултација со матичните лекари, еден граѓанин борбата со вирусот во домашни услови би го чинела од 6.000 до 10.000 денари. Во оваа сума се предвидени цените на витамините кои се потребни за лекување, цените на антибиотиците кои се земаат или фондовски или на приватно и секако цената за направениот ковид тест која е различна доколку се направи во приватна лабораторија или на државно.
Оваа пресметка се однесува само за едно лице, а во многу случаи како што се покажа кај нас, од вирусот се заразува цело семејство, па трошоците за лекување би биле многу повисоки.
Состојбата со Ковид-19 е критична, а болниците веќе ги полнат сите капацитети, порача вчера министерот за здравство Венко Филипче, апелирајќи до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.