Британски експерт порача дека вакцинирањето на секои шест месеци не е одржливо

Не можеме да ја вакцинираме целата планета на секои шест месеци, тоа не е одржливо, предупреди проф. Ендрју Поланд, претседател на британското JCVI (национално тело за вакцинација и имунизација) во…

Не можеме да ја вакцинираме целата планета на секои шест месеци, тоа не е одржливо, предупреди проф. Ендрју Поланд, претседател на британското JCVI (национално тело за вакцинација и имунизација) во едно свое интервју.

Поланд верува дека за четвртата доза од вакцината треба да се почека „додека не се појават повеќе докази“ и повика приоритет во идната вакцинација да им се даде на ранливите групи, наместо да се даваат дополнителни дози на целата популација над 12-годишна возраст.

– Нема смисла да се обидуваме целосно да ја запреме инфекцијата, во одреден момент општеството едноставно мора да се отвори, посочи британскиот експерт.

Неговата изјава е во момент кога Владата ги финализира плановите за брзо тестирање за дури 10 милиони работници во „критичните професии“. Порачани се 45 милиони тестови во следните две недели, поради страв од ширење на омикрон сојот на коронавирусот.

 


Related Articles