Двајца Бугари кои работат во Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ се ставени во домашна изолација во Битола, потврдија за „СДК“ од Центарот за јавно здравје. Работниците немаат симптоми на коронавирус, но се под здравствен надзор затоа што претходно биле во Италија.
Тие вечера допатуваа во Битола и се јавиле на проверка во Центраот за јавно здравје.
„Разговарано е со фирмата каде работат дека не треба да одат на работа и дека според препораките ќе бидат во домашна изолација, односно под здравствен надзор 14 дена. Во тој период ќе се следат, односно ќе комуницираат со санитатни инспектори и надлежни од Центарот за јавно здравје. Инаку, немаат симптоми на болеста, но мора да се помине тој период од 14 дена под здравствен надзор“, рече директоката Елизабета Крстевска од Центарот за јавно здравје, пренесува СДК.
Ова е прв случај на домашна изолација на лица во Битола поради опасност од коронавирус.