Бројот на потврдени случаи со Ковид-19 во Бугарија порасна на 675 откако денес се пријавени шест нови случаи.
Четири нови случаи се пријавени во софиската област и два во областа на Стара Загора, соопшти денеска бугарското Министерство за здравство.
Хоспитализирани се вкупно 230 пациенти од кои 36 на интензивна нега.