Културата на пиење кафе во секоја земја е различно, но вообичаено, речиси секаде, шолја кафе се служи придружена со чаша ладна вода. Но, имајте предвид: Има и места каде што, ако нарачате вода со кафето – и таа ќе се најде на сметката.
Занимливо е што чашата вода до кафето првично не била за пиење.
Пиењето кафе се појавило во 16. век. Турците и народите во Отоманскиот Султанат наскоро го прифатиле, но во Западна Европа оваа секојдневна навика се појавила многу подоцна – на крајот на 19. век. Во „викторијанската ера“, дамите од високите класи се жалеле дека имаат „проблеми“ со лажицата со којашто се меша шеќерот во кафето… Им сметало – извалканата лажица да ја ставаат на работ од тацната.
Многумина го сметале овој потег за „нецивилизиран“ и нималку „елегантен“, па рестораните почнале да служат и чаша вода покрај шолјата кафе. Водата за заплакнување на лажичката пред да ја стават на тацната.
И во денешно време, кога ќе добиете чаша вода до кафето, тоа се смета за добар манир. Но, не секаде е така.