Резултатите од неодамнешно истражување пронашле врска измеѓу пржените компири и зголемениот ризик од смртта.
Студијата покажала дека луѓето кои јадат пржени компири барем два пати во неделата имаат двојно поголем ризик по својот живот за разлика од оние кои ја немаат оваа навика во исхраната.
Иако резултатите не докажале дека компирите директно ги „убуваат“ луѓето, тие едноставно покажуваат врска измеѓу луѓето кои преминале и нивните прехрамбени навики.
Имено, истражувачите ги испитувале навиките на 4.440 луѓе на возраст од 45 до 79 години и тоа во период од осум години. Вкупно 236 учесници починале по завршување на истражувањето, а тоа всушност биле оние кои јаделе пржени компири минимум два пати неделно.
Нутриционистот Џесика Кординг изјавила дека не е изненадена со овие резултати.
Пржените компири се храна која обезбедува многу калории, соли, трансмасни киселини, а минимално допринесува со хранливите состојки кои ги поседува. На телото повеќе му прават штета отколку корист – рекла Кординг.
Таа истакнува дека е важно што уште се јаде со компирот. Пример, неколку компирчиња со салата ќе доведат до поинакви ефекти врз здравјето за разлика од 200 грама помфрит во хамбургер.