Четири едноставни промени во начинот на живот, можат да го подобрат здравјето и да го намалат ризикот од срцеви заболувања и смрт од секакви други заболувања за 80 проценти во период од 8 години. Тоа се:
- редовни вежби
- медитеранска диета
- одржување на здрава тежина
- воздржување од цигари
Големото истражување е спроведено од научници од Универзитетот „ Џон Хопкинс “ во Балтимор, Мериленд. Истражувањето открило значајна врска меѓу овие фактори во начинот на живот и срцевото здравје за релативно краток временски период. „ Истражувавме податоци од над 6200 мажи и жени на возраст меѓу 44 и 84 години, белци, Афроамериканци, Латиноамериканци и Кинези. Меѓу луѓето кои ги прифатиле четирите здравствени навики се забележа 80% пониска смртност за овој период, во споредба со учесниците кои не се придржува до навиките “, изјавил раководителот на истражувањето Хаити Ахмед. Научниците развиле скала од 0 до 4 за оценување на начинот на живот врз основа на прехранбени навики, индекс на телесна маса, количина на умерено интензивна физичка активност и пушење. Само 2 проценти ( во бројки 129 лица) од учесниците во истражувањето ги извршувале и четирите критериуми за здрав живот, пишуваат авторите на истражувањето објавено во American Journal of Epidemiology. „ Од сите фактори во начинот на живот, откривме дека избегнувањето на пушењето, игра најголема улога во намалувањето на ризикот од хронична срцева болест и смрт “, забележува проф. Роџер Блументал, кардиолог од Универзитетот „ Џон Хопкинс “. „ Во пракса, пушачите кои се откажале од два или повеќе од најздравите начини на однесување, имаат пониски шанси за преживување по 7,6 години во споредба со непушачите, кои не се движат и имаат прекумерна тежина. “ Научниците истакнуваат дека истражувањето покажува колку важен е здравиот начин на живот, не само за намалување на ризикот од срцеви заболувања, туку и смртноста од секакви други причини.