Четири едноставни промени во начинот на живот, можат да го подобрат здравјето и да го намалат ризикот од срцеви заболувања и смрт од секакви други заболувања за 80 проценти во период од 8 години. Тоа се:

  • редовни вежби
  • медитеранска диета
  • одржување на здрава тежина
  • воздржување од цигари

Големото истражување е спроведено од научници од Универзитетот „ Џон Хопкинс  во Балтимор, Мериленд. Истражувањето открило значајна врска меѓу овие фактори во начинот на живот и срцевото здравје за релативно краток временски период. „ Истражувавме податоци од над 6200 мажи и жени на возраст меѓу 44 и 84 години, белци, Афроамериканци, Латиноамериканци и Кинези. Меѓу луѓето кои ги прифатиле четирите здравствени навики се забележа 80% пониска смртност за овој период, во споредба со учесниците кои не се придржува до навиките , изјавил раководителот на истражувањето Хаити Ахмед. Научниците развиле скала од 0 до 4 за оценување на начинот на живот врз основа на прехранбени навики, индекс на телесна маса, количина на умерено интензивна физичка активност и пушење. Само 2 проценти ( во бројки 129 лица) од учесниците во истражувањето ги извршувале и четирите критериуми за здрав живот, пишуваат авторите на истражувањето објавено во American Journal of  Epidemiology„ Од сите фактори во начинот на живот, откривме дека избегнувањето на пушењето, игра најголема улога во намалувањето на ризикот од хронична срцева болест и смрт , забележува проф. Роџер Блументал, кардиолог од Универзитетот „ Џон Хопкинс „ Во пракса, пушачите кои се откажале од два или повеќе од најздравите начини на однесување, имаат пониски шанси за преживување по 7,6 години во споредба со непушачите, кои не се движат и имаат прекумерна тежина.  Научниците истакнуваат дека истражувањето покажува колку важен е здравиот начин на живот, не само за намалување на ризикот од срцеви заболувања, туку и смртноста од секакви други причини.