Доктор Горан Кунгуловски преку својот фејсбук профил порача дека не треба да се дозволи лоши информации, инает или неукост да доведат до семејни трагедии. Со пандемијата преживуваме колективна траума, а вакцините се единствениот начин кој може да ни помогне, напиша тој.
Во продолжение го пренесуваме објавениот пост во целост:
– Со пандемијава сите живееме и преживуваме низ колективна траума. Постојат рестриктивни мерки што може да ја забават пандемијата. Вакцините се единствената алатка којашто може да проба да ни помогне да излеземе како горки победници во оваа колективна траума. Се останато е пораз. Не дозволувајте лоши информации, инает или неукост да доведат до семејни трагедии. Имајте општествена и морална одговорност и слушајте наука, пишува Кунгуловски.