Најдобро е да стоите во средината на автобусот бидејќи вирусот се собира по „ќошињата“, а во устата држете кора од лимон – тако ја штитите слузокожата на носот и устата.
1 Трудете се да не седите покрај патник што несомнено е болен (кашла и кива). Доколку имате можност, оддалечете се од него најмалку еден метар. Но не обидувајте се да се пикнете во најдалечниот агол, со надеж дека ќе бидете подалеку од вирусите – тие се таложат токму таму, во „ќошињата“.
Најдобро е да се возите во средината на автобусот. Носете со себе малку етерично масло од чајно дрво или лаванда. Ако се најдете покрај болен човек, капнете неколку капки масло на салфетка и со неа прекријте ги устата и носот. Задолжително главата свртете ја на спротивната страна од инфицираната личност.
2 За време на возењето во јавниот превоз во устата можете да држите парче сув корен од иѓирот или кора од лимон. Тоа ќе му помогне на организмот да се избори со вирусите што стигнале во носот и во грлото.
3 Измијте ги рацете со сапун и топла вода штом ќе стигнете на целта. Држачите, сигурносните појаси и другите површини што ги допираат патниците често се заразени со микроби или со вируси. Околу 70% од инфекциите доаѓаат токму преку валкани раце!
4 Носете со себе шишенце дезинфекциско средство на база на алкохол – кога немате можност да ги измиете рацете, тоа е идеално решение. Третирајте ги секојпат по кивање или кашлање, пред јадење, по допирање предмети што ги допирале други луѓе.
Неверојатни факти за грипот
* Кога ќе подигнете готовина од банкомат или ќе добиете кусур во продавница – можете да се заразите со грип. Научниците откриле дека хартиените пари се извонреден расадник на инфекции. Вирусот на грипот на нив се чува дури и до две недели! Во Јапонија повремено ги перат парите на 200 степени во специјална машина за перење.
* Вирусите на грипот (има различни) живеат на човечките раце пет минути, на површините од метал и на пластичните маси – до 48 часа, а на стаклото до десет дена.
* Според статистиката, еден заболен од грип во просек заразува пет луѓе.