Министерот за здравство, Венко Филипче посочува дека е можно јавно-приватно приватно партнерство на лабораториите со реагенси, најавија здравствените власти, протече информација од МЗ. Министерот Филипче смета дека така ќе се заштедат повеќе пари кои ќе може да се потрошат на друго. Тој се уште не знае кога би се реализирал таквиот план. Додека се уште се чека на резултатите од физибилити студијата за јавно-приватно партнерство за Брзата помош, Филипче најавува нова студија.
Здравствените власти не се откажуваат од идејата за евентуалното јавно-приватно партнерство за лабораториите со реагенси. Министерот Филипче оваа идеја ја правда со тоа дека во земјава има многу центри коишто нерационално ги трошат реагенсите, а тоа ако се спречи ќе се заштедат и до шест милиони евра за три години. Граѓаните прашуваат и ако се заштедат до 6 милиони евра каде ќе бидат тие насочени, кон министерски џебови или на пациентите на кои им се потребни?
Освен јавно-приватно партнерство можно е и централизирање на набавката. Министерот за здравство смета дека ваков проект особено ќе им помогне на пациентите од помалите места во земјата. Но, се уште не знае кога би се остварил планот.
Со овие можни промени поврзани со лабораториите се тангираат буџетите за следната година. Министерот Филипче најави и евентуална физибилити студија околу јавно-приватното партнерство. Во меѓувреме, се уште се чека на резултатите од студијата околу јавно-приватното партнерство и за Итната медицинска помош која е готова, но здравствените власти се уште не откриваат што покажала.