Водиме два процеси, првите се навистина структурни реформи. Работиме со специјална комисија од европска делегација која што прави анализа на секундарното и терцијално ниво и врз основа на тоа, на анализа ние ќе знаеме како ќе се димензионира понатаму Клиничкиот центар и како ќе се димензионира понатаму евентуално една Градска болница во градот Скопје, која што ќе преземе еден значаен број на пациенти под навистина целата држава во она секундарно ниво. Ќе почнеме да работиме со Светска Банка на реформа на примарно здраство и пред се тука заеднички со Фондот за здравствено осигурување во одредување на основните пакети на услуги кои што граѓаните ќе може да ги добијат во нашите здраствени институции, појасни Филипче на 1ТВ.
Филипче образложи дека граѓаните се преморени од чекање, дека само нешто се најавува и со години се говори за една реформа и друга реформа, од зборот реформа сите се преморени. И затоа треба да се направи нешто што ќе може да даде за многу скоро време видливи резултати. И токму во таа насока се овие најави за физибилити студии кои што сега се прават, некои се започнати, а некои допрва ќе се започнат.
Целта е да се проба, да се види дали според тој модел на Јавно приватно партнерство средствата кои секако се вложуваат во еден сегмент во здравството, во една специјалност можат да бидат поефикасно искористени, а преку тоа граѓаните односно пациентите да имаа поефективна и поквалитетна здравствена заштита. Ова е не е експериментален потег, воопшто, ниту е конфузен процес кој што не знаеме што правиме, напротив тоа се искуства кои што се секако имплементирани во многу развиени земји.
Детската кардиохирургија е едно од тие специјалности за кои што размислуваме да го направиме тој чекор. Имено детската кардиохирургија сега се лечат на едно место, се дијагностицираат во приватните болници заради тоа што кај нас ги немаме тие дијагностички методи и се оперираат на една трета клиника каде што е нашата локална експертиза се уште е недоволна до тој степен да таа методологија ја преземе целосно и ние плаќаме огромна сума на пари за странска екипа која што доаѓа и работи со нашите лекари. Би сакале тие деца како група на пациенти да ги сместиме во идеални услови и затоа размислуваме за јавно здравство во приватна болница.
Во идеални услови во кои што се ќе добијат на исто место и кое што место експертизата локална, домашна од јавното и приватното здравство кое што сега има јасни граници, сакаме да ги споиме. И таа експертиза да биде достапна за нашите пациенти. Значи што добиваме обединување на експертизата, идеални услови, ист трошок на Фондот за здравствено осигурување и огромна заштеда на министертсвото кое што повеќе нема да плаќа странски експерти. За пример го посочувам и ин витро, каде што голем број жени одат во приватни болници, а не во јавни, објасни Филипче.