По социјалните мрежи од вчера навечер и во текот на денешниот ден се прошири слика од два огласи, со кои само се посочува како и на кој начин власта „интервенира“ и „се грижи“ за докторската фела. Тоа што можеше до вчера да се слушне како ветување и дека ќе биде остварено, сега се нови предизборни ветувања како од Заев така и од Филипче, актуелниот министер за здравство.

Во огласите кои можеше да ги види македонската јавност по социјалните мрежи беше посочено дека собирач на ѓубре, со услови за работа во една смена, од 08-16 часот, за договор на неопределено би добил 15.000 илјади денари плата, додека пак доктор по медицина на сосема друг оглас, со услови за работа во смени од 08-22 часот исто со договор на неопределено би добил за својата работа 12.550 денари.

Со ова само власта, Заев, Филипче и сите нивни колеги, соработници и подржувачи покажуваат дека доктор по медицина кој одвил од својот живот 4-ри години за средно стручно образование, 6-ет години за да се високо образува на медицинскиот факултет, година до две да специјализира и уште некоја година работа за да стекне применето искуство и знаење, вреди помалку во очите на оваа власт од личност која со било какво завршено средно образование, што немора да значи може да биде и со осмолетка ќе собира ѓубре. Каков дебакл, ова е крајно несериозно однесување и понижување на сите доктори, сите во фелата како и сите високо образовани лица во државата кои во очите на оваа државничка гарнитура не вредат ниту пола од тоа колку за нив што вреди еден собирач на ѓубре.

Продолжува лажењето и манипулаициите, провидниот начин на кој Филипче и неговите колеги и соработници се трудат да ја изманипулираат јавноста и народот за само уште ден добиен мандат. Не верувам дека тоа ќе биде така политичари од власта и актуелен министеру за здравство, вашето веќе се виде. – коментираат по социјалните мрежи граѓаните.

Но и покрај се, ијзавите на министерот за здравство Филипче изобилуваат само со пролонгирање на ветеното и надеж дека уште некој ќе наседне на замката.

– Ако ние на овие предвремени избори повторно ја добиеме довербата на народот, во тој случај докторите ќе добијат основна плата од 100.000 илјади денари. Посочи во едно од обраќањата министерот Филипче.

После изјавата на Горан Беговиќ актуелниот претседател на Синдикатот на доктори и медицински персонал при клиничкиот центар дека ако се добие плата од 100.000 илјади денари во тој случај гласовите ќе отидат на сметка на СДС, лекарската фела ќе гласала. За да, ден подоцна после ваквата скадалозна изјава се огласи и министерот Филипче кои посочи дека и да сакаат сега во моментот од власта им се врзани рацете со целата ситуација и предвремените избори и тек после изборите ќе може да реагираат и да го реализираат ветувањето дадено далечната 2016-та година и докторите да ги добијат своите 100.000 илјади денари заслужена плата.

Но, да е се така црно и бело би било добро, за жал не е, власта продолжува и понатаму да ги држи заложници и тие малкуте доктори на нејзина страна, ако сеуште има такви, додека со ваквите излишни и понижувачки изјави само ги тера и провоцира и тоа малкуте доктори што останаа во државата да си заминат.

Дали целта на Филипче е после сите ваквите изјави и случувања, јавни понижувања од власта, да не постои начин да се почувстуваш гордо дека си или сакаш да бидеш доктор? Во кој правец се движи здравствената политика во државата министре?