Експертите велат дека бебињата си го цицаат палецот пред раѓањето, а истражувањата покажале дека и во стомакот вежбаат комуникациски вештини, меѓу кои е и плачењето.
Бремените жени често се жалат дека бебињата клоцаат во стомакот, но и дека тие се радуваат кога чувствуваат дека се движат, потсетувајќи ги дека се таму. Експертите велат дека тие уште пред раѓањето го цицаат палецот, што често се забележува на ултразвукот, а истражувањата спроведени на Универзитетите Дурам и Ланкастер исто така покажаа дека тие во стомакот ги вежбаат комуникациските вештини, вклучувајќи го и плачењето.
Научниците користеле ултразвук и ги гледале бебињата, проучувајќи ги сите изрази на лицето пред раѓањето. Потоа виделе дека тие прават сложени изрази, како што се спуштање на веѓите и собирање на носот.
-Тоа е од витално значење за бебето за да може веднаш по раѓањето да покаже ако нешто го боли, вели д-р Ризланд од Универзитетот Дурам. – Но, сé уште немаме утврдено дали плачливите изрази на лицето кои ги прават значи дека навистина нешто ги боли или само „вежбаат“ за витинските болки.