Какви бакнежи им се допаѓаат најмногу на мажите? Дали сакаат обичен или пак бакнеж кој трае подолго? Дали се за брз бакнеж во образот?
Еве ги 4 видови бакнежи што најмногу им се допаѓаат на мажите:
1. Бакнеж на усните
Овој вид на бакнеж е најчест и вклучува нежно допирање на усните на партнерите.
Да бидеме искрени: бакнежот со усни е најдобар. Тоа е најкласичниот бакнеж кој е едноставен и најмногу се практикува.
Многу мажи уживаат во нежни бакнежи во кои едвај постои допирање на усните. На некои мажи им се допаѓа кога тие се подолги и кога се вовед во понатамошната „игра“.
2. Стастен бакнеж
Овој бакнеж се практикува додека водите љубов.
Ваквите бакнежи уште повеќе ја разгоруваат страста помеѓу партнерите и доведуваат до поголемо уживање.
3. Едноставен бакнеж
Едноставниот бакнеж не е ништо специфично, бидејќи претставува брзо допирање на усните, образот, носот…
Мажите ги сакаат овие бакнежи затоа што тие се наједноставниот начин да му посветите внимание на партнерот и покрај вашата зафатеност со други активности.
4. Француски бакнеж
Бакнежи во кој се вклучува и јазикот е класичниот француски бакнеж.
Секој добар француски бакнеж е интимен чин. Очите ви се затворени, главите навалени, телата припиени едно до друго, вилиците се отворени, а јазикот е во „акција“. Мажите велат дека постои голема магија во добриот француски бакнеж.