Обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи, која го води предметот Насилство и шамари во Општина Центар, по пријава во Лекарската комора на Македонија, фати тројца лекари кои му давале фалц боледувања на обвинетиот Милан Андоновски, само да се одолговлекува и натаму овој судски процес.
Фетаи рече дека против таквата непрофесионална постапка на лекарите ќе бидат покренати соодветни постапки, таа ги нотираше сите датуми на боледувањата, кои се совпаѓаа со претходните рочишта за Шамарите, на кои не доаѓаше Андоновски, поради што судењето постојано се одлагаше.
Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на рочиштето посочи дека побарало Државниот санитарен и здравствен инспекторат да испрати инспекција со цел да се провери дали се оправдани боледувањата кои ги вадеше Андоновски поради што во три наврати беше одлагано судењето за насилството во Центар.
Инспекторатот испратил екипа во приватната медицинска ординација и специјалистичката државна клиника од каде на Андоновски му било издадено боледување непосредно пред минатото рочиште во март, ја одзела медицинските документации за обвинетиот и ги предала до Лекарската комора и до Фондот за здравствено осигурување од кои што институции била формирана комисија која ги разгледала документите. Посочени се тројца доктори, разрешницата тек допрва следи, Фетаи е на потег.