Проблеми при теренската вакцинација против мали сипаници.
Дел од родителите и директорите на училиштата не дозволиле медицинските тимови да ги вакцинираат учениците со МРП вакцина. Од здравствен дом Скопје не знаат зошто нивните тимови биле вратени во дел од училиштата, но тврдат дека се обезбедени сите услови за имунизација.
Теренската вакцинација започнала од крајот на минатата недела и досега стотина деца примиле вакцина во училиште. Сепак од здравствениот дом од скопје, уверуваат дека ниту едно дете нема да прими вакцина без дозвола од родителите.
Инаку комисијата за заразни болести даде препорака против морбили да се имунизраат и бебиња со наполнети 6 месеци, но во вакциналните пунктови се уште не добиле таква насока од министерството за здравство.
Тука само се поставува едно прашање, Кога и на кој начин се прашани родителите за да се добие согласност за вакцинација во училиштето? Или повторно министерот Филипче игра на таа карта ќе кажеме дека ќе ги прашаме родителите, а всушност ние ќе влеземе и ќе ги вакцинираме сите деца? Кој е тој начин на пристап, нека се објасни министерот Филипче, не само да се посочува дека родителите ќе бидат прашани, а на терен екипите доаѓаат ненајавени! – реагираат по социјалните мрежи дел од родителите