Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска препорача да се продолжи времето на чување на вакцините на „Фајзер/Бионтек“ на стандардни температури во фрижидер до 31 ден.

„Промената се однесува на неотворени шишенца“, соопшти ЕМА, додавајќи дека нивниот предлог следи по проценка на дополнителни податоци од студијата за стабилност на вакцините, обезбедена од „Фајзер“ и „Бионтек“.

Во февруари, американските власти одобрија складирање и транспортирање на вакцините на стандардни температури од два до осум степени Целзиусови до две недели, наместо на ултра ниска температура од -80 до -60 степени Целзиусови.