Со текот на годините, заедно со остатокот од телото и другите органи, така и мозокот старее и се јавува ризик од појава на бројни болести, меѓу кои и Алцхајмерова болест. Токму овој ризик нагло се зголемува после 40-та година од животот. За да може мозокот да ги обновував своите клетки, потребно е правилно да се храни.
Според новиот дополнет извештај на Лансетовата комисија, во однос на превенцијата од стареењето на мозокот, експретите додадоа уште 3 дополнителни, нови ризик-фактори и тоа: прекумерно консумирање на алкохол, повреди на главата и загаден воздух.
Овие нови 3 фактори се додадоа на веќе постоечките 9, утврдени во 2017: понизок степен на образование во помладите години, губење на слухот по 40-тата година, хипертензија, дебелина, пушење, депресија, социјална изолираност, физичка неактивност и дијабет во подоцнежните години. Според статистиките, жените почесто го имаат овој проблем во однос на мажите.
Токму затоа потребно е да се обрне поголемо внимание на секојдневната исхрана и внесот на доволно витамини и минерали во организмот со цел да се спречи стареењето на мозокот.
Сулфур: неопходен за нормално функционирање на мозочните клетки. Сулфурот се наоѓа во зелка, моркови, краставици, лук, смокви, кромид и компири. Цинкот ги подобрува менталните перформанси и составот на кр-вта, а исто така спречува некои нервни болести. Цинкот се наоѓа во пченичните никулци и пченични трици.
Калциум: неопходен за нормални процеси на хематопоезата, а исто така спречува влегување на патогени во кр-вотокот и затоа штити од инфекција. Калциумот се наоѓа во големи количини во:јаболка, кајсии, цвекло, зелка, моркови, цреши, краставици, грозје, зелен зеленчук, бадеми, портокали, праски, ананаси, јагоди и цели зрна.
Железо: го обезбедува потребното ниво на хемоглобин во крвта, без него виталните процеси во мозочните ткива се невозможни. Железо се наоѓа во: грав, зелка, цреши, зелен зеленчук, сенф, портокали, грашок, ананас, домати, ориз и школки.
Магнезиум: неопходен за нормално функционирање на нервниот систем и спречување на нервни болести, несоница, вознемиреност, главоболки и депресија. Магнезиум може да се добие од храна како бадеми, зелена салата, нане, цикорија, маслинки, кикирики, компири, тиква, сливи, ореви и интегрални житарици.