Граѓаните му даваат оценка два плус на јавното здравство, покажува анкетата која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Мнозинството од граѓаните или 17,6 % најголемо незадоволство во јавното здравство чувствуваат поради закажувањето и времето на чекање за преглед, 15% се незадоволни од лекарите, 12,6% од инфраструктурата и 9,2% од хигиената.
Но и покрај ова, 69,4% од анкетирани велат дека ги користат државните здравствени услиги, наспроти 23,3% кои преферираат за да се лекуваат приватно.
Мнозинството граѓани се против најавите за јавно приватно партнерство како реформа во Брзата помош. 38,1% се против идејата приватни компании да ги обезбедуваат услигите за кои трошоците ќе ги покрива државата. Ваквата реформа е прифатлива за 35,8% од анкетираните.
На оваа тема во детекетор дебатираа министерот за здравство Венко Филипче и Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ кои покрај со овие бројки, не се согласија ниту за зголемувањето на платите на лекарите.
Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 16 до 19 ноември, на репрезентативен примеротк од 1116 испитаници.