Од утрово системот „Мој Термин“ повторно е во ДЕФЕКТ. Со новонастаната ситуација и потврдувањето на првиот случај со коронавирус во Македонија, притисокот и кај граѓаните и кај здравствените работници се зголемува.

Големата навалица на граѓани кои се исплашени и доаѓаат во клиничкиот центар да се проверат и да побараат помош со новонастанатата состојба во државата, направи повторно да колабира најбитниот елемент, односно системот за издавање на рецепти, упати и прием на пациенти, „Мој Термин“  и тоа повторно на државно ниво.

Филипче по се изгледа дека некаде спие, додека корона вирусот предизвикува паника кај народот, наместо да излезе и да се огласи и дел од тензијата да се намали, министерот го нема никаде. Дали ова се методологиите и начините кои ги збореше министерот Филипче дека ќе ги користиме за справување со наездата на корона вирусот? Дали ова се тие „спремни“ и „подготвени“ мерки за кои говореше Филипче, дека никој ништо не ни може, го имаме потребното ниво на заштита?

Доколку е така и го тврдите тоа министре Филипче, народот ви порачува и ве очекува почесто во текот на денот да го користите јавниот превоз и почесто пешки по улица да се движите, за народот да стекне чувство на сигурност дека има ниво на заштита и се е во ред. Нели?