Стотици деца од скопската населба Визбегово, пешачат неколку километри бидејќи на никој од власта не му е грижа. Со дозвола на родителите од еден скопски медиум беа посетени малите херои кои секојдневно пешачат вкупно 8 километри во двата правци за да стигнат и да се вратат од училиште. Иако патот не е целосно асфалтиран, сепак имаат голема желба за школување.
Го чекаат автобусот за на училиште. Но, минибусот е преполн со патници.
Другарките тргнуваат пеш. Часот е 6:57, а за да стигнат до училиштето „Адем Јашари“ во Серава треба да изодат 4.1км.
По неколку-минутното пешачење од Визбегово до Серава, децата пристигнаа на влез во населбата Шуто Оризари. Стигнуваат до следната автобуска станица, но не можат да се качат бидејќи нивното училиште сѐ уште им нема обезбедено автобуски картички. Па затоа, го продолжуваат патот преплетен со бројни предизвици
Пристигнаа до Топанско поле. По пат наидоаа на уште уште една група улченици која се движи пешки ама нивнот училиште е во близина, нивното училиште е во Топанско Поле. Другарките почнаа да забрзуваат, почнаа да доцнат.
Часот е 7:43. Пристигнаа во училиштето, но се случи токму како што ни рекоа учениците, дека ова не е првпат да задоцнат на првиот час кој почнува во 7:30.
Овој пат учениците од Визбегово го поминуваат со години наназад од есен до пролет. Инаку родителите на овие деца уште пред 10 години добиле ветување дека во нивната населба ќе биде изградено ново училиште.