Сојузот на здруженија на дијабетичари (СЗДМ) реагираат дека повторно се соочуваат со недостиг на инсулинска терапија. Бараат сериозност од Министерството за здравство и транспарентно да се дејствува и навремено да добиваат информации во тековниот период.
Од ресорното министерствоо им одговориле дека заради ревидирање на количините на „ризодег“, согласно количините предвидени во реализација на тековниот тендер, се делат само преостанати количини по бројка.
Од СЗДМ велат дека моментната состојба само ги потврдува нивните долгогодишни барања за промени во моделот на достапност на терапија и помагала со отворен пазар и воведување референтни цени.
Од здравство велат дека има доволно количини од лекот, но дека од генериката која ја произведува „Ново Нордиск Фарма“ има глобален дефицит, па затоа ги советуваат пациентите да повараат замена.