Пуканките се одличен додатен извор на протеински влакна, кои денеска недостигаат во исхраната. Просечен човек дневно во организмот внесува помеѓу 10 и 15 грама влакна, што претставува околу половина од потребната количина која треба да се внесува во текот на денот, а тоа може да предизвика сериозни здравствени проблеми.
Со консумација на само 100 грама пуканки дневно, приближно може да се надополни тој недостаток.
Добрите страни на пуканката се и нискиот процент на шеќери кои го содржат, како и ниското ниво на натриум и холестерол, односно заситени масти. Со загревање се зголемува и вкупната антиоксидативна активност на пуканките.
Меѓутоа, индустриски преработените пуканки често се преливаат со различни додатоци од делумно хидрогенизирани растителни масла, вештачки ароми, додатоци за посилен вкус и висок процент на сол, што никако не оди во прилог за општото здравје и превенцијата од зголемување на вишокот на килограми.
Значи, пуканките не дебелат, но само ако ги подготвувате без масло или со минимална количина, како и без сол.