Доброволци се заразуваат со коронавирус за побрзо да се најде вакцина

Доброволци ќе бидат заразени со форма на коронавирус во Велика Британија во обид што побрзо да се најде вакцина против вирусот, објави „Тајмс“. За 3.500 фунти пациентот треба да помине…

Доброволци ќе бидат заразени со форма на коронавирус во Велика Британија во обид што побрзо да се најде вакцина против вирусот, објави „Тајмс“.

За 3.500 фунти пациентот треба да помине две недели пред телевизор, со книга во рака или да игра компјутерски игри, наведува весникот. Лицето нема да има никаков физички контакт со надворешниот свет.

Во рамките на овој глобален експеримент, групи од по 24 луѓе ќе бидат платени за да се заразат со новиот коронавирус во рамките на програма за изнаоѓање вакцина за Ковид-19 за која се дадени две милијарди долари.


Related Articles