Суви очи? Зголемување на телесната тежина? Не можете да разберете како седењето може да го предизвика ова? Еве ги можните проблеми и нивните едноставни решенија …
Ризик од дијабетес
Стресот поврзан со работата кај жените го зголемува ризикот од срцев удар и дијабетес тип 2. Затоа, барем на секој час, шетајте по ходникот или до диспензерот за вода.
Болни колкови
Седењето го зголемува притисокот на колковите, колената и ‘рбетот, што може да предизвика болка и слабост. Затоа, прилагодете го столот така што аголот помеѓу грбот и нозете е 90 степени.
Зголемување на телесната тежина
Со оглед на тоа дека сте потрупани со работа, немате време да јадете нормален оброк, па затоа често јадете брза храна и грицки. Затоа, не заборавајте дома да подготвите здрав оброк за да јадете на работа.
Суви очи
Повеќето од вас ги оптеретуваат очите цело работно време гледајќи во екранот на вашиот компјутер. Во тоа време, ќе трепнете само околу 7 пати во минута, додека нормално е од 12 до 15 пати во минута. Затоа, во текот на денот, свртете го погледот кон нешто друго.
Варикозни вени
Седењето во иста позиција подолг временски период ја зголемува шансата за развој на проширени вени кои ги мачат скоро 50% од жените. Обавезно користите хулахопки со ликра кои ќе ги стегнат нозете и ќе ја зајакнат циркулацијата.