Ако за живот заработувате седејќи во канцеларија пред екран, најновото истражување на Калифорнискиот универзитет од Лос Анџелес би можело непријатно да ве изненади.
Иако веќе е одамна јавна тајна дека секојдневното повеќечасовно седење пред екран не е добро по здравјето, ново истражување кое го објави калифорниската истражувачка организација Plos, покажа дека седечкиот начин на живот влијае на дел од мозокот кој е одговорен за меморијата.
Во истражувањето спроведено над 35 лица на старост од 45 до 65 години, кај оние кои поминале повеќе часa пред екран една недела пред истражувањето, била забележана промена во структурата на мозокот, односно во делот кој е задолжен за помнење.
Иако научниците не можеа во потполност да потврдат дека токму седењето е причина за промени во делот за меморија во мозокот, во заклучокот од истражувањето соопштуваат дека неактивниот начин на живот може да доведе до деменција и когнитивен пад во подоцни години.
Причина за тоа е тоа што неактивноста веќе со години се поврзува со болести на срцето, дијабетес и рак на дебелото црево.
Научниците поради тоа порачуваат дека би требало што повеќе да се активираме, ако сакаме да ја намалиме шансата за заболување од наведените болести и пренесуваат дека физичката активност е најдобар превентивен лек за тоа