Протеинските плочки се одличен избор за здрава ужина и одлично решение за сите оние моменти во денот кога сте надвор од домот, а чувствувате малку глад.
Потребни состојки:
- 100 грама овесни снегулки
- 50 грама овесни трици
- 1 супена лажица путер
- 5 ситно исечкани урми
- 50 милилитри млеко
Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки во една чинија и добро измешајте. Смесата рамномерно распределете ја на тава, која претходно била обложена со хартија за готвење. Печете на 180 степени околу 8 минути. Исечете ги плочките на посакуваната должина додека уште се топли, а потоа оставете ги да се оладат.