Доматите, главно, се безбедни за консумирање и се многу здрави, но во некои случаи се апсолутно непрепорачливи.
Ако имате некои од следниве заболувања, нарушувања или здравствени проблеми, тогаш морате да ги избегнувате доматите.
Рефлукс
Луѓето со желудочни проблеми треба да го избегнуваат доматот поради тоа што предизвикува зголемено лачење на киселини во желудникот. Дури и здравите луѓе може да почувствуваат непријатни симптоми ако претераат со количината на изедени домати или доматен сос.
Проблеми со зглобовите
Доматите содржат алкалоид наречен соланин, кој помага при создавање и задржување на калциум. Ако претерате со количината изедени домати, можно е да почувствувате непријатност во зглобовите, токму поради калциумот што се насобира околу нив.
Проблеми со бубрезите
Со самото тоа што доматите придонесуваат во телото да се задржува повеќе калциум, може да се случи и отежнување на работата на бубрезите и создавање бубрежни камчиња. Ако веќе имате проблеми со бубрезите, внесувајте го доматот во строго ограничени количини.
Синдром на иритабилно црево
Доматите, како ПХ-кисели намирници, може да ги засилат симптомите на овој синдром и да предизвикаат болни грчеви во цревата, подуеност и запек. Ако страдате од ова нарушување, општо треба да избегнувате ПХ-кисели намирници.