Независно од тоа дали се туширате наутро или навечер, веројатно спаѓате во луѓето кои не го мијат добро еден мал дел од своето тело.
Научниците пред неколку денови, токму на тој дел од телото нашле 1.458 бактерии кои дотогаш биле целосно непознати.
За време на истражувањето кај 60 учесници пронашле речиси 2.368 различни видови бактерии. Значи, уште една причина повеќе да внимаваме за тоа место.
За време на туширањето често забораваме на нашиот папок. Меѓутоа, на таа мала точка од телото треба навистина повеќе да внимаваме.
Открил дека виновник за тоа е грубата структура на влакненцата околу папокот.
Најдобар совет за чистење
Доволно е само чистењето со вода, сапун и рацете. Потоа темелно треба да го исушите папокот. Во зависност од неговиот облик, може да користите и стапче за чистење уши. Доколку кожата на папокот ви е сува тогаш по чистењето може да го намачкате со кокосово масло.
Доколку папокот непријатно ви мириса или пак е црвен тогаш веројатно станува за воспаление. Во тој случај треба да побарате помош од дерматолог.