По појавата на првиот случај со коронавирус во Македонија, од синоќа епидемиолози започнаа со дежурства на граничниот премин Делчево.

Тоа, како што информираше директорката на здравствен дом во Делчево, Марија Глигоровска, е резултат на вчерашниот состанок на екипите на епидемиолошкото одделение и претставниците на Центарот за јавно здравје од Кочани.

На состанокот е дефинирано да се следат препораките на Министерството за здравство за вршење преглед на сите патници, кои на граничните премини ќе пристигнат од погодените подрачја со коронавирус.