Со ограничените квоти за аптеките и немањето на лекови на рецепт не е проблем само за пациентите туку и за аптекарите. Во Фармацевтската Комора изминатите неколку години, секој месец добиваат реакции од нивните членови дека парите што ги добиваат од Фондот не им стигнуваат за болните да ја добијат неопходната терапија.
-Со промената на формулата за формирање на квотите, порано помалку а сега веќе се поголем број на аптеки реагираат дека до одреден датум на месецот немаат квота.
Идеално решение за сите е да нема квоти. Додека бидат создадени услови за тоа, работна група од Комората и Фондот работеле на промена на формулата и подобра распределба на парите до аптеките. Исто така бараат од квотите да бидат иземени скапи лекови кои чинат од 2 000 денари па нагоре, бидејќи поради неисплатливост на аптеките да ги даваат на рецепт, пациентите остануваат без терапија.
-Подобра распределба на средства, електронска поддршка, како и адекватно плаќање на услугата на фармацевтот која не е сменета последните 10 години.
Ден Дончев да се разбуди од зимскиот сон и да почне да размислува за македонскиот пациент како да му ги обезбеди потребните лекови, да ја зголеми квотата и да почне конечно оваа институција да се грижи за македонските граѓани и за нивните потреби, наместо да тоне во сон од кој никако да се разбуди – порачаа македонските пациенти
Како фондот утврдува која аптека колку пари ќе добие? На ова прашање добивме само краток одговор дека прераспределбата сега била како и изминатите 10 години. Никој не се потрудил да провери дали е тоа сеуште така да се направи нова прераспределба или нешто слично, на никого не му паѓа ниту на ум, добро е и вака, кој зема, зема, кој помалку зема исто добро е се додека не се буниме.
За пациентите е исто и сеедно каква е распределбата, тие и вака и така после 15-ти во месецот реагираат дека нема лекови на рецепт, реагираат тие со месеци ама ФЗОМ изгледа спие на ушите нема кој да ги чуе барањата на болните и со хронична терапија во Македонија.