Веледрогеријата „д-р Пановски“, во периодот од 01.06.2017 – 23.07.2017 примила 24.6 милиони денари или 400.000 евра без притоа за набавките да се распише тендер. Со овие набавки евидентно е дека постои интенција да се заобиколи законот за Јавни набавки со кој е предвидено за овие суми да се распише тендерска постапка и аукција.
Веледрогеријата „д-р Пановски“ е во сопственост на Златко Пановски, кој е овластен потписник на сите договори. Пановски е татко на Ирина Пановска Ставридис, директорка на Клиниката за хематологија, назначена од Министерот за здравство, кој друг ако не нашиот прекрасен и секогаш „високо“ почитуван, Филипче!
Интересно е тоа што Пановска важи за блиска пријателка на министерот Филипче со кој не го кријат пријателството и заедничките појавувања во јавност, а веледрогеријата на нејзиниот татко е и официјален спонзор на владејачката СДСМ.
Укинувањето на Советот за јавни набавки, беше една од првите реформи кои ги донесе владата на СДСМ, отвори токму можност за вакви активности.
Листата на склучени договори и сумите за истите со веледрогеријата „д-р. Пановски“:
- Договор за набавка на лекови RITUXIMAB склучен со ЈЗУ Клиника за Реуматологија на ден 24.04.2018 година во вкупен износ од 5.250.000,00 денари;
- Договор за набавка на кеси за земање на крв склучен со ЈЗУ ИНСТИТУТ ЗА ТРАНСФУЗИОНА МЕДИЦИНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СКОПЈЕ на ден 15.05.2018 година во вкупен износ од 4.859.712,00 денари;
- Договор за набавка на Вемурафениб таблети 240 мг склучен со ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија на ден 19.03.2018 година во вкупен износ од 5.700.000,00 денари;
- Договор за набавка на Вемурафениб таблети 240 мг склучен со ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија на ден 16.03.2018 година во вкупен износ од 2.100.000,00 денари;
- Договор за набавка на ВЕМУРАФЕНИБ таблети 240 мг склучен со ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија на ден 11.01.2018 година во вкупен износ од 4.095.000,00 денари;
- Договор за набавка на лекови склучен со ЈЗУ Клиничка болница Битола на ден 13.02.2018 година во вкупен износ од 151.200,00 денари;
- Договор за набавка на инсулин склучен со Министерство за здравство на ден 27.12.2017 година во вкупен износ од 2.500.000,00 денари;
Набавките во четири очи со веледрогеријата „д-р Пановски“ покажува дека најсомнителните договори ги потпишувал директорот на Универзитетската клиника за радиологија и онкологија д-р Никола Васев.
Васев склучил 3 договори во четири очи во само 3 месеци за набавка на лекот Вемурафениб, а во сите три договори единечната цена на бараните таблети е различна и единствена причина за спроведување на ваков вид на постапка е причини од крајна итност.
Ова наведува на заклучок дека користењето на овој вид постапка не е оправдување бидејќи станува збор за очигледен пропуст на Институтот, кој бил должен да го планира, како количеството, така и очекуваниот почеток на јавната набавка, за да не се доведе во ситуација да има недостаток на потребната количина на лекови и како последица на тоа да користи нестандардни постапки коишто треба да бидат исклучок, а не правило.
Договорите се склучувани без преговори, односно, веледрогеријата „д-р. Пановски“, дава цена која клиниката ја прифаќа. Не постои аукција, ниту пак прибирање на понуди од други компании.
Сомнителни се и самите единечни цени коишто се постигнати, односно „наметнати“ од „д-р Пановски“, а кои варираат во секоја од спроведените постапки иако се работи за ист вид на стока (Вемурафениб таблети 240 мг).
Согласно првиот договор, цената за едно пакување, без ДДВ изнесува 696,4 денари.
Во вториот договор, за следниот месец, цената расте и едно пакување на Вемурафениб чини 728,86 денари.
Цената за едно пакување од истиот лек, еден месец подоцна станува 885 денари.
Ова говори за евидентно оштетување на буџетот, ако се има в предвид дека цената за еден ист лек за само три месеци се зголемила за цели 200 денари. Пресметано во милиони, какви што се набавките, оваа разлика доведува во огромен профит за веледрогеријата д-р Пановски.
Кога се збори и народот посочува дека некои работи не се во ред, власта се прави наглува, нема кој да ги смени овие што местат и крадат? Како, па да НЕ, ви одговара, цела владеачка гарнитура функционира на постулати како излажи, укради, собери.
Како што и претходно ве известувавме кое е мислењето на народот за министерот, за аферите, за скандалите кои го тресат министерството за здравство така и сега ве известуваме дека и покрај тоа што на детската клиника нема сапун и тоалетна хартија, министерот при тоа е свесен за основните потреби на најмладите и тие за кои се грижи оваа клиника, се случува нов тендер доделен без тендер, мал тендер, скоро неприметен, нови пари префрлани кој како стигне, битно да се „среди“ работата и провизијата за Филипче – тендерче да легне на странска сметка.
А при тоа најтрагичното е што на министерот Филипче не сака да му слушне, дали некој го збори, озборува или ја кажува вистината за неговите далавери, манипулации и под маса дадени тендери, без тендер, него му е битно на крајот од денот колку ставил во чекмеџето, колку го „товарил“ магарето. Поради тоа да не испадне дека збориме напамет ги имаме како доказ и тендерските недоговори кои успеале некако да му се протнат на министерот и да бидат потпишани, изреализирани и наплатени. Изгледа некој си добил провизиичка навреме, за тие што се заинтересирани во продолжение следат трите договори:
Договор 1 – https://drive.google.com/file/d/1vdsUYbUoPfx4_wyxAYRI_xDo-8uDIQWD/view?usp=sharing
Договор 2 – https://drive.google.com/file/d/13cAlOE8xXBFoCBu_30TZKudJA6keGcM9/view?usp=sharing
Договор 3 – https://drive.google.com/file/d/1m_uhuU5dvX_X1L2Ss7_OIqU56sWZfuhr/view?usp=sharing